Урбанон е интерактивен, мултимедијален проект на авторот и дизајнер на игри Марио Савовски.
Во 2018, првата интерактивна книга во серијалот беше издадена - Урбанон: Тајните Документи, како дел од истоимениот трансдисциплинарен проект поддржан од Министерството за Култура на Република Северна Македонија. Продолжението на првата книга пристигна во 2019 во форма на интерактивна друштвена игра со улоги која го носи името Урбанон: Прирачник за Агенти. Овој прирачник е дел од трансдисциплинарниот проект со исто име поддржан од Министерството за Култура на Република Северна Македонија. |